Украинската СБУ објави напад со подводни експлозиви врз Кримскиот мост

Украинската безбедносна служба (СБУ) денеска соопшти дека утрово го нападнала стратешки важниот Кримски мост со 1.100 килограми подводни експлозиви, со цел да се оштетат столбовите кои го поврзуваат Русија со анектираниот Крим.

СБУ истакна дека операцијата била подготвувана неколку месеци и дека претходно го погодиле мостот во 2022 и 2023 година, а денеска ја продолжиле „традицијата под вода“. Објавена е и снимка од експлозијата покрај еден од потпорните столбови.

Руски власти информираа дека сообраќајот на мостот е привремено прекинат, додека руски воени блогери тврдат дека нападот бил неуспешен и шпекулираат за употреба на поморски дрон.

Нападот се случи само два дена по најамбициозниот украински воздушен напад врз Русија од почетокот на војната, кога беа погодени четири воени аеродроми и уништени или оштетени 40 авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното