|
И денеска нови дојави во скопските средни училишта, имено во гимназиите „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ нешто пред 15 часот стигнале за кани за наводни поставени бо мби.
Учениците се евакуирани. Полицијата ќе врши антитер ористичка проверка.
И оваа седмица продолжуваат заканите за поставени бо мби низ учлиштата во Скопје, а во претходните денови закани имаше и во други градови. Вчера имаше дојави во 19 училишта, а ова е трет месец откако почнаа да пристигнуваат ваквите дојави.
Засега има уапсени само двајца малолетници кои се надоврзале на веќе пристигнатите дојави, најверојатно од авантуристички цели.