Фудбал ДРАМА ВО ИТАЛИЈА

14 играчи и тренери отруени – завршија во болница

14 играчи и тренери отруени – завршија во болница

Масовно труење во Салернитана по поразот од Сампдорија – дури 14 членови на тимот беа хоспитализирани.

Враќањето на играчите на Салернитана од Џенова по поразот од Сампдорија (2:0) во првиот натпревар од плејофот за опстанок во Серија Б помина катастрофално – не само поради резултатот, туку и поради сериозен здравствен инцидент.

Како што објавија Калчомеркато и други италијански медиуми, дури 14 лица од редовите на клубот, фудбалери и членови на стручниот штаб, завршија во болница поради сомневање за труење со храна.

Инцидентот се случил за време на летот назад кон Салерно, кога голем број членови на тимот се пожалиле на гадење, вртоглавица и проблеми со стомакот, наводно по оброк што го јаделе по натпреварот.

По слетувањето на аеродромот, побарана е итна медицинска помош, а сите пациенти биле пренесени во болниците Руџо во Салерно и Санта Марија дела Сперанца во Батипаља.

To top