среда, 18 јуни 2025

Бесплатен влез за фудбалерчињата од Детската лига за мечот Белгија – Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека мечот меѓу Белгија и Македонија бесплатно ќе може да го гледаат дечињата од Детската лига и од училишниот фудбал

Објавено на

часот

Сподели

Источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде резервирана за дечињата.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена “Тодор Проески” за сите деца кои учествуваа на финалниот турнир во Детска лига и во проектот за училишен фудбал „Ајде на фудбал“, на престојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија.

Одлуката, на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ доаѓа како признание за трудот и ентузијазмот на повеќе од 2000 деца од 96 екипи што беа дел од финалниот турнир во Детска лига и близу 1000 деца од основните училишта, дел од проектот “Ајде на фудбал”.

Преку оваа иницијатива, испраќаме порака за поддршка на младите таленти и уште повеќе да ја поттикнеме љубовта кон фудбалот и ентузијазмот на најмладите за македонските национални селекции.

Источната трибина ќе биде резервирана за сите млади фудбалери, не само како публика, туку како иднината на македонскиот фудбал“, стои во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ