Lifestyle

НАУЧНИЦИ „ОТКРИЈА“ ЗНАК ЗА МОЖЕН ЖИВОТ НА ЕГЗОПЛАНЕТА К2-18б?

Научниците од британскиот универзитет Кембриџ открија нови, иако сè уште неизвесни докази кои би можеле да укажат на постоење на живот на егзопланетата К2-18б, свет оддалечен дури 1,1 трилиони километри од Земјата.

Со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА, истражувачите открија траги од молекули во атмосферата на планетата кои се произведуваат исклучиво по биолошки пат на Земјата. Поточно, на нашата планета тие се произведуваат исклучиво од едноставни микроорганизми. 

Ова е второ и досега најперспективно откривање на супстанции поврзани со животот на К2-18б. Но, научниците предупредуваат дека се потребни повеќе податоци за конечна потврда.

Во студијата, објавена во Астрофизикал џурнал летерс, се наведува дека истражувачите откриле можен биопотпис, или индикатор за биолошки процес, на планета која орбитира околу ѕвезда оддалечена 120 светлосни години од Земјата.

Овој потенцијален доказ за микробен живот е пронајден на планетата наречена K2-18 б, која е околу 8,6 пати помасивна од Земјата и има околу 2,6 пати поголем дијаметар од нашата планета.
Планетата е оддалечена 120 светлосни години, а научниците претходно открија присуство на молекули кои содржат јаглерод, вклучувајќи метан и јаглерод диоксид (молекулите базирани на јаглерод се градбените елементи на животот) на егзопланета, што значи планета која орбитира околу ѕвездите надвор од нашиот Сончев систем.
Претходните студии сугерираа дека К2-18 б може да биде Хисеева егзопланета, која потенцијално поседува атмосфера богата со водород и површина покриена со водени океани.

Сара Сигер, професорка по планетарна наука на универзитетот МИТ, повикува на трпение, посочувајќи на случајот кога за претходните тврдења за водена пареа во атмосферата на К2-18 б се покажа дека се друг гас, пренесува Дојче веле.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано