Ниту една погребна кола не се согласува да го однесе телото на Навални за да го погребаат

1. 03. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ниту една погребна кола не се согласува да го однесе телото на Навални за да го погребаат

Портпаролката Кира Јармиш тврди дека возачите биле „повикани од непознати луѓе кои  им се заканувале дека не смеат  да го носат телото на Алексеј Никаде“.Јармиш рече дека и било кажано дека „ниту една погребна кола не се согласува да го однесе телото на гробишта“.

Тимот на Навални, исто така, наиде на потешкотии да ангажира место за неговиот погреб, кој ќе се одржи  во 14 часот по локално време. Вчера тимот првично планираше јавно збогување и погреб за починатиот руски опозициски лидер но не им беше овозможено.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата