Аксел Тепе, 17-годишен стопер, од ПСЖ се пресели во Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ во него гледаат како идеална замена за Џонатан Та, кој потпиша за Баерн Минхен.
Тапе минатата сезона одигра три натпревари во дресот на сениорскиот тим на ПСЖ, а беше дел од младинските категории на овој тим. Доаѓа во Леверкузен како слободен играч, откако му истече договорот со првакот на Европа.
Леверкузен сега ќе тргне и по замената за Флоријан Вирц, кој што вчера се договори за трансфер во Ливерпул за сума од 150 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА