Свет

Трамп нареди повторно да се отвори озлогласениот затвор „Алкатраз“

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша дека ѝ наредил на Владата, повторно да го отвори, обнови и прошири некогашниот озлогласен затвор Алкатраз.

,,Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, напиша Трамп на платформата Трут сошл.

Овој затвор кој не работи од 1963 година е сместен на остров близу познатиот мост Голден гејт во Сан Франциско.

Трапм кажа дека Америка премногу долго е преплавена со злобни и насилни престапници кои ги повторуваат своите дела.

„Повторното отворање на Алкатраз ќе служи како симбол на закон, ред и правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Затворот кој беше со максимално обезбедување е познат како Карпа и беше затворен во 1963, одтогаш е туристичка атракција.

„Денеска му наредив на Бирото за затвори, заедно со министерството за правда и ФБИ, повторно да го отвори Алкатраз, да го обнови и прошири. Затворот ќе стане дом на најбезмилосните и најнасилни американски престапници“, напиша Трамп.

„Во постојните федерални затвори има многу слободни места, па нема потреба од нов затвор. Алкатраз имал репутација на строг затвор и Трамп сака да испрати порака дека неговата влада ќе биде цврста со криминалот“, изјави Габриел Џек Џин, професор по право на Универзитетот Калифорнија.

Никогаш официјално не е регистрирано успешно бегство од Алкатраз, иако петмина затвореници се наведени како исчезнати и се претпоставува дека се удавени.

Алкатраз беше затворен бидејќи било премногу скапо да продолжи да работи, претежно поради неговата островска локација. Неговото работење било речиси три пати поскапо од кој било друг федерален затвор.

На почеток