Претседател на Генералното собрание се избира секоја година на една година, но оние избори со само еден кандидат определен со географска ротација, обично се спроведуваат со акламација.
Оваа година, Русија побара гласање, изјавија дипломатски извори за агенцијата Франс прес.
Изборот на пленарната седница пред 193-те земји-членки на ОН се одржа со тајно гласање.
Бербок по изборите изјави дека денес живееме во тешко време и време на неизвесност, но дека раѓањето на ОН пред 80 години ги потсетува сите дека светот поминал и низ други тешки периоди.
„Од нас зависи да се соочиме со овие предизвици“, изјави Бербок, додавајќи дека ќе води дијалог заснован на доверба со сите земји-членки и дека нејзината врата секогаш ќе биде отворена.
Предвидено е Аналена Бербок да биде инаугурирана на 9 септември, непосредно пред годишниот состанок на Генералното собрание.