• сабота, 05 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вадефул: Неопходни се дополнителни санкции против Русија по последниот напад врз Украина

Вадефул: Неопходни се дополнителни санкции против Русија по последниот напад врз Украина

Берлин, 25 мај 2025 (МИА) - На последниот масовен руски напад врз Украина мора да биде одговорено со дополнителни санкции против Москва од страна на Западот, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

- (Рускиот претседател Владимир) Путин не е заинтересиран за мир, тој сака да ја продолжи оваа војна и ние не смееме да го дозволиме тоа. Затоа Европската Унија ќе постигне согласност за нови санкции, рече Вадефул во интервју за за германскиот државен радиодифезан сервис АДР.

Властите во Киев денеска соопштија дека во текот на изминатата ноќ бил извршен еден од најмасовните руски воздушни напади врз Украина од почетотк на војната, при што загинале 12 лица.са/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан