• четврток, 15 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Излезноста на изборите во Албанија до 14 часот 29,53 отсто

Излезноста на изборите во Албанија до 14 часот 29,53 отсто

Тирана, 11 мај 2025 (МИА) – Според Централната изборна комисија (ЦИК), до 14 часот, на денешните парламентарни избори во Албанија, правото на глас го оствариле 29,53 отсто од вкупно запишани 3.721.116 гласачи.

Во споредба со излезноста на локалните избори пред две години, има зголемување од околу 2,2 отсто, додека на општите избори пред четири години, излезноста до 14 часот беше 35,62 отсто, од вкупно запишаните 3.588.869 гласачи.

Остварувајќи го правото на глас, претседателот на ЦИК, Илирјан Целибаши, на новинарско прашање околу одредени  проблеми и помали инциденти на избирачки места, изјави дека „секој што ќе го прекрши законот ќе биде повикан на одговорност пред надлежните институции“, притоа нагласувајќи, дека граѓаните мора да разберат дека имаат одговорности во врска со изборниот процес.

-Пораката е јасна. Оние кои веруваат дека нивниот ангажман може да придонесе врз процесот на гласање, ќе добијат одговор од надлежните институции. Многу е важно не само политичарите, туку и граѓаните да разберат дека имаат одговорност во врска со изборниот процес, рече тој.

Во 12 изборни единици, се гласа на 5.225 избирачки места, а текот на гласањето го следат набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, на ЕУ и на САД.  вт/ссм/

фото: ЕПА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан