Низ улицата Херцеговачка во Загреб одекна детонација, а тоа беше експлозивна направа фрлена во дворот на 42-годишниот фудбалски агент Енди Бара.
Ова се неофицијалните сознанија на „Јутарњи лист“, кој објави дека експлозијата се случила околу 00.50 часот, дека нема повредени и дека полицијата води истрага. Станува збор за хрватскиот менаџер најпознат по тоа што од „Ла Масија“ во Динамо Загреб го доведе асот на Барселона и шпански репрезентативец Дани Олмо.
Бара, кој е поранешен фудбалер чија кариера главно беше поврзана со Полска, ја основа агенцијата „Нијагара спортс компани“ по завршувањето на својата играчка кариера на 22-годишна возраст.
Првото звучно засилување под негово водство беше доведувањето на Бразилецот Самир, натурализираниот хрватски репрезентативец во редовите на „сините“.
Од попознатите имиња Бара во одреден момент ги претставуваше Марсело Брозовиќ, Алваро Мората и Ловро Мајер, а беше вклучен и во трансферот на Јошко Гвардиола од Лајпциг во Манчестер Сити за 77 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА