
46% од населението над 70 години има примено барем една доза на вакцина против Ковид-19
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 26 Мај 2021

Од министерството за здравство информираат дека секојдневно се зголемува интересот за вакцинација а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера биле вакцинирани вкупно 224.336 граѓани. Прва доза на вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а се вакцинирале вкупно 6.940 граѓани.
Од МЗ дообјаснуваат дека во државата досега се аплицирани вкупно 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани.
Со последните бројки, додаваат од ресорното министерство, 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 Арената-СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата“, стои во писменото соопштение од министерството.
Од таму апелираат до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
