Програма на КСП Центар-Јадро за декември 2023 година

04.12.2023 17:49
Програма на КСП Центар-Јадро за декември 2023 година

Последниот месец од 2023 КСП Центар-Јадро го завршува со бројни настани, во духот на интердисциплинарната програма на овој културно-социјален центар.

Декември во КСП Центар-Јадро започнува со премиерна изведба на театрскиот перформанс „Лилит“ која ќе се одигра денес (4 декември) (вторник) во 20.00 часот.

На 6 декември (среда), во 20.00 часот, најавен е онлајн настанот „Македонски визуелни уметници“ – разговор со Кристина Пулејкова. Разговорот ќе го води Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност.

Вториот разговор „Македонски визуелни уметници“ со Роберт Јанкулоски ќе се случи на 8 декември (петок), во 20.00 часот во КСП Центар-Јадро.

Во сабота, 9 декември, во 20.00 часот, ќе се отвори мултимедијалната изложба „Форми на системот“ на Иван Аџевски.

За прв пат во КСП Центар-Јадро, ќе се одржи Работилница за stand-up комедија под менторство на Миранда Лончар (БиХ). Работилницата ќе се одржи на 16 декември од 11.00 до 17.00 часот

Истиот ден, по работилницата, со почеток од 20.00 часот ќе се одигра на интерактивната Stand-up претставата „Svi ćemo umrijeti“ во изведба на Миранда Лончар.

Во рамките на декемврсиката програма ќе се одржи културно-хуманитарен настан на 25 декември (понеделник) во 20.00 часот. Настанот е во организација на Ротаракт Клуб Скопје Центар во соработка со организацијата Ла Страда – организација за заштита на жртви од семејно насилство.

Програмата за овој месец КСП Центар-Јадро ја завршува на 26 декември (вторник) со уште една изведба на „Бура и продор“, перформанс во режија на Теа Беговска.

ОкоБоли главаВицФото