Зеленски: Украина е отворена за преговори на територијата, но има еден услов!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски говорејќи пред новинарите во Киев, тој рече дека Украина ќе биде подготвена „да разговара за територијални прашања, но само со целосен и безусловен прекин на огнот“.

„Целосен и безусловен прекин на огнот отвора можност да се зборува за се“, рече тој, пренесе Би-би-си.

„Она што го вели претседателот Трамп е точно и јас се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз полуостровот Крим“, рече тој.

Претходно властите во Киев ја отфрлија можноста за територијални отстапки во замена за мир со Русија.

Во интервју за магазинот „Тајм“, објавено денеска, Доналд Трамп рече дека „Крим ќе остане руски“, но украинскиот претседател потоа повтори дека Крим и припаѓа на Украина.

„Нашиот став не е променет – само украинскиот народ има право да одлучи кои територии се украински“, им рече Зеленски на новинарите во Киев.

„Уставот на Украина вели дека сите привремено окупирани територии… припаѓаат на Украина, на украинскиот народ“, додаде тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното