Грчката кошарка можно е актуелнава сезона да остане без шампион поради хаосот во вториот меч од финалната серија меѓу Олимпијакос и Панатинаикос.
Во официјалнообраќање до медиумите, грчката влада, преку својот портпарол Павлос Маринакис, објави дека третиот натпревар од финалето на националното првенство е одложен до понатамошно известување.
Една од можните опции е целосно откажување на финалето, но сè уште нема конкретни информации за тоа.
Се споменува и продолжување на серијата пред празни трибини, но Арис Баркас, новинар на ‘Еврохупс’, вели дека навивачите сепак ќе бидат присутни ако серијата продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА