Ндерим Неџипи експресно најде ново работно место

Ндерим Неџипи има нов ангажман, се врати да биде спортски директор на Косово во тим кадешто работеше претходно.

Неџипи беше во Шкупи од 2024 година, но по турбулентната сезона, промената на сопствеништвата и разочарувачката серија без победа со месеци, Неџипи реши да се збогува со клубот, а следна дестинација ќе му биде Балкани.

Неџипи инаку потекнува од младинската школа на поранешна Слога Југомагнат, сегашно Шкупи. Токму во Чаир ги направи првите фудбалски чекори.

Потоа за него следеа трансфери во Херта, Волфсбург, Вардар, Работнички, Лирс, Карабах, Шкендија, Васлуи, Партизани, Фљамуртари, Кораби...

По крајот на кариерата, Неџипи имаше повеќе ангажмани како спортски директор низ Македонија, Албанија и Косово.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.