19.06.2025 13:47
Вести Свет

Се враќа трката за вооружување, нуклеарниот арсенал ќе расте

Глобалниот тренд на намалување на нуклеарното оружје се менува, а светот се движи кон нова ера на проширување на јадрените арсенали, предупредува Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот СИПРИ.

Според нивниот годишен извештај, сите девет земји со нуклеарно оружје – вклучувајќи ги САД, Русија, Кина, Франција, Обединетото Кралство, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел – модернизираат и развиваат нови арсенали.

Аналитичарот Ханс М.Кристенсен вели дека „ерата на постојано намалување е завршена“ и дека се забележува зголемување и напуштање на договорите за контрола на вооружувањето.

Иако вкупниот број на боеви глави во светот благо се намалил од 12.405 на 12.241, реално распоредените боеви глави се 3.912, од кои најмногу се во САД и Русија. Овие две земји поседуваат речиси 90% од светските нуклеарни арсенали и активно ги модернизираат своите капацитети се вели во анализата на институтот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милион евра по минута за Самитот на НАТО во Хаг

Дејан Дејан

Путин бара Украина да прифати руски услови за мир, Зеленски тврди дека Русија избира убивање

Дејан Дејан

Зголемена стапката на морталитет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе