
Венеција е првото место кое ќе ви падне на ум кога ќе се спомнат гондоли и град на вода, но не е единственото такво место.
Фото: Amaryroad
Малото село Хитхорн, во Холандија, е вистинска атракција поради својата убавина, но движењето само по водни канали.
Во ова идилично европско село се забранети автомобили, па многумина доаѓаат на еднодневен излет.
Хитхорн е идилично село во холандската провинција Оверизел, кое привлекува туристи со своите живописни пејсажи и шармантна архитектура.
Се гордее со многубројните канали кои се протегаат на околу 90 километри и околу 180 дрвени мостови. Затоа многумина Хитхорн го нарекуваат холандска Венеција.
Во селото е забрането возење автомобили, а локалното население – околу 2.800 од нив – и туристите се движат низ Хитхорн пеш или со велосипед.
Најмногу се користат чамците кои важат за единствено превозно средство. Тие се најпрактично решение со оглед на тоа што најголем дел од куќите, музеите и угостителските објекти се наоѓаат веднаш до водата.
Хитхорн е оддалечен 90 километри од Амстердам, па не е чудно што многу туристи доаѓаат овде од главниот град на Холандија на еднодневен излет за да уживаат во водата и прекрасните пејсажи.