Ужасна вест ја потресе Македонија: Удрил дете по глава, го влечел по улица – со секира тргнал и на полицајци

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 23-годишен велешанец кој е осомничен за брутално насилство врз дете и напад врз полиција со секира и тесла.

Инцидентот се случил на 13 јуни, кога осомничениот прво ја навредувал, а потоа со метален предмет ја удрил по главата 8-годишнo девојче.

Откако паднала, тој продолжил да ја влече по улица.

По пријавата, шест полициски службеници излегле на терен, но осомничениот им се заканувал со секира и тесла, одбивал наредби и продолжил да се приближува. Полицијата испукала два предупредувачки куршуми, по што напаѓачот избегал и бил во бегство два дена.

По неговото приведување, продолжил со закани и во полициската станица, што според обвинителството претставува реална закана по безбедноста. Јавниот обвинител предложи мерка притвор поради опасност од повторување на делата и бегство.

Против него се води постапка за едно кривично дело – насилство врз дете, и шест дела за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде