Радио Милева превоспитување

„Семејно насилство“ –  Сестрата на Наташа, Кристина Беквалац, сподели дел од атмосферата од нивниот дом (фото) 

„Семејно насилство“ –  Сестрата на Наташа, Кристина Беквалац, сподели дел од атмосферата од нивниот дом (фото) 

Семејството на Наташа Беквалац е исклучително блиско и приврзано, а  пејачка често споделува моменти поминати со нив.

Нејзината мајка Мира Беквалац е позната како исклучително интелигентна жена и голем шегаџија, а симпатиите на корисниците на социјалните мрежи ги придоби поради нејзината искреност и поради тоа што на своите ќерки им кажува што мисли во лице.

Сестрата на Наташа, модната дизајнерка Кристина Беквалац, сега сподели дел од атмосферата од нивниот дом, која насмеа многумина, додека нејзината мајка уживаше на столче – лулашка.

 

Судејќи по видеото кое помладата Беквалац го објави на својот профил, нешто ја изнервирало нејзината мама, што ја натерало да реагира, ни помалку ни повеќе со влечки.

– Како? Кристина! – се слуша нејзината мајка додека се наведнува да посегне по влечката.

– Удри ја – на шега вели машки глас во позадина додека Кристина се смее.

„Семејно насилство“, напишала Кристина Беквалац во описот на видеото, додавајќи емотикон од смеење до солзи, а под него го додала хаштагот „Мајка ми Мимица“.

Очигледно станува збор за шега, која ги насмеа следбениците на Кристина, но мајката покажа дека иако ќерките и се полнолетни, знае како да ги „среди“ доколку ја „налутат“; на крајот на краиштата, секој метод на „превоспитување“ и е простлив на мајката.

фото:Instagram printscreen/ kristinabekvalac

To top