
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило тешка кражба. Како што информира Обвинителството, се работи за 23-годишник кој на 02.01.2024 година насилно влегол во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, а вкупната вредност на предметите што ги одзел е проценета на 296 000 денари. -Со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил ...
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта откако среде бел ден била ограбена во скопски Центар. Препорачано „На 17.06.2025 во 14.55 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ -Скопје било пријавено дека кај нив со повреди и за укажување момош се јавила С.Х.(79) од Скопје. Според пријавеното, на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на сила и ја одзело чантата“, информираат од МВР. Се преземаат мерки ...
Судот мора да го има во предвид неговиот страв и потчинетост и своевидното заложништо што чуствувал од страна на Палевски, истакна денеска Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев. Тој рече дека Кешишев дејствувал директно по наредби на Палевски. Она што и Кешишев потврди дека имал учество е во грабнувањето на Вања.Но, и овде нема основи за соизвршителство а уште помалку за соизвршителсво за убиство. Кешишев чуствуваше страв и при давањето на ...
Вчера во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје. Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ...
Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството не понудило никакви докази за вмешаност во двете убиства. Според него, Обвинителството се раководело само врз основа на претпоставки и изнудени признанија, но оти конкретен доказ за вмешаност на Видевски немало. Манев објасни каде бил Видевски во деновите на убиствата на Панче и Вања. Во времето на ...
Дваесет и едногодишен скопјанец бил приведен откако со остар предмет нападнал полициски службеници. Препорачано „Вчера во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле дваесет и едногодишниот С.Л. од Скопје. Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се ...
Александар не бара мислост туку праведна судска одлука и одговор зошто се осудени да живеат со болка, рече денеска адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ. Не се докажа мотивот – давање на пари, ниту пак, дека таткото помогнал во грабнувањето, ниту дека таткото дал информација кога детето ќе оди на училиште. Нема докази за комуникација со првообвинетиот, рече адвокатот при завршните зборови на одбраната. Тој нагласува дека ...
Педесет и шестгодишна скопјанка завршила во станица откако агресивно се однесувала кон полициски службеници. Препорачано „Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле педесет и шестгодишната Е.Д.од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ...
Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кое завршни зборови дава одбраната, побара, како што рече „разумна пресуда за неговиот штитеник“. Нема преземени дејствија како извршител ниту соизвршител. За тоа да биде направено треба неговите дејствија да се неопходни за извешените дејствија. Тој изврши каење за грабнувањето на девојчето, но тоа е различно од делото убиство. Тој ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.Т. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници. Набргу бил ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење ...
Вчера во 08.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(62) од Прилеп и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.В.(51) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Н., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп. ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење ...
Нема доказ за имотна корист кој би ја прибавил Видевски за грабнувањата. Неговиот грев е само што ги познавал обвинетите преку партијата Десна, убеден е неговиот бранител Бојан Манев, кој на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги изнесува завршните зборови за својот клиент. Тој за неговиот штитеник побара ослободителна пресуда, зошто, според него, Обвинителството со ништо не го докажало делото и дека Видевски е само ...
Жалам за ова што се случи но целата работа е извадена од контекст. Овој случај ќе остане запишан во учебниците по право. Соочени сме со дилема дали овие вие луѓе се сторители на кривичните дела и за која цел ги сториле. Намерата е да се направи дефокус и да се покрие неспособноста на луѓето кои ја воделе истрагата. Ова на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, го истакна Бојан ...
Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно. Манев и Боре Видевски претходно ја имале ископано земуницата, каде подоцна тој на полицијата му откри дека е закопан убиениот ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да извадат пари од нејзината плата за да купи дрога. Оштетената го послушала, но враќајќи се ...
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец. Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата “Христо Татарчев” во Кисела Вода. Иако бил свесен дека поради неговото однесување во ...
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на одбраната на обвинетите. На изминатото рочиште Основното јавно обвинителство во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, побара судот да му ја одреди ...
32-годишен жител на Скопје ќе одговара откако, возејќи пијан, вчера предизвикал сообраќајна несреќа во населбата Кисела Вода, во која е тешко повредена недолжна жена, соопшти Обвинителството, од каде велат дека сепак не побарале осомничениот да оди во притвор, туку само да му се одземе возачката дозвола. Препорачано „Несреќата се случила вчеравечер, кога осомничениот, под дејство на алкохол од 1,34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген ...
Семеен терор во Скопје: кривична постапка и судски мерки за заштита Во една скопска вечер, што за повеќето граѓани поминала во мир, се одвивал инцидент кој ќе заврши со судска постапка. Жената, жртва на семеен терор, била изложена на закани, психолошка присила и физички напад од сопругот, кој бил во алкохолизирана состојба и барал пари за да купи дрога. Почетокот на настанот се случил надвор од домот. Осомничениот ја принудил сопругата да го ...
Жена од Скопје вчера пријавила дека нејзиното дете било нападнато во парк во Кисела Вода, од страна на човек кој бил во паркот со своето дете, соопшти МВР. Препорачано „На 16.06.2025 во СВР Скопје, Ф.И.(37) од Скопје пријавила дека околу 19:50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзин сосед подолго време ја следел и ја вознемирувал, информираат од МВР. Препорачано „Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед В.П. од скопско село, кој го оштетил и нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот ...
Жител на Кочани на возраст од 33 години ќе одговара за насилство врз дете, откако натепал дете и го повредил, соопшти полицијата. Препорачано „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Т.(33) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.06.2025 во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреда“, пишува во ...
60-годишен жител на Виница доби кривична пријава откако, по добиен отказ во фирма во Кочани, преку социјална мрежа му упатил закани на газдата на фирмата и неговото семејство, информира МВР. Препорачано „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Е.Ј.(60) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.06.2025 на социјална мрежа, по претходно ...
Малолетник од Росоман физички нападнал таксист и при закана со метален предмет му одзел пари, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. Рано утрово во 2:30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Росоман, затоа што физички нападнал такси возач кој го превезувал, по што со закана со метален предмет му одземал пари. „Малолетникот бил приведен во полициска станица, парите биле ...
Вчера мајка пријавила дека порано дента во парк на подрачјето на Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 42-годишната Љ.К. од Скопје. „На 15.06.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, В.Ѓ.(39) од Скопје, пријавила дека околу 11.00 часот во парк на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 42-годишната Љ.К. од Скопје, се наведува во полицискиот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...
Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во ...
На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат село Виштица-село Никуштак и пат за село Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од село Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Вчера околу 18.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата „Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ...