
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јадранска Магистрала“, кај клучката Приштина, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка. -Физичка пресметкапомеѓу М.В.(32), Ш.В.(46), двајцата од село Добрино, скопско и М.В.(25) од Скопје, од една страна и Р.М.(19) и А.М.(25), двајцата од Скопје, од друга страна, потенцираат од МВР. По документирање на случајот, против лицата се поднесени ...
Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се ...
Денеска (22.06) во 00:15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Анте Банина“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.О.(47) од Република Турција, со престој во Штип и мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ...
Околу 04.35 часот по полноќ, во водите на Охридското езеро, полицијата го приведе албанскиот државјанин К.С.(47) поради сомнеж за илегално преминување на државната граница и незаконит риболов. Судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „краткотраен притвор“. „При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални ...
На 20.06.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јадранска Магистрала“, кај клучката Приштина, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.В.(32), Ш.В.(46), двајцата од село Добрино, скопско и М.В.(25) од Скопје, од една страна и Р.М.(19) и А.М.(25), двајцата од Скопје, од друга страна. По документирање на случајот, против лицата се поднесени соодветни поднесоци. ...
Денеска (22.06) во 00.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Анте Банина“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.О.(47) од Република Турција, со престој во Штип и мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ...
Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од полицијата, тој фрлал разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје. По проверките било констатирано дека се барал за издржување казна затвор во Шуто Оризари за сторено кривично дело за самовластие. По целосно документирање на настанот ќе следува ...
На 21.06.2025 во 21:30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје. Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода. Додека, по извршени проверки било констатирано дека тој бил ...
Скопје, 21 јуни 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за ...
По распит отво полиција, судот ги прифатил предлозите на обвинителството и на Зоран Давитков му одреди мерки на претпазливост додека трае истрагата, а згора на тоа му го одзеде и пасошот. Давитков стана интересен за обвинителството откако вчера обвинетиот Велибор Манев го посочи како лицето што од седиштето на партијата Десна го изнел синиот ранец на Љупчо Палевски во кој наводно се наоѓале моторолите со кои обвинетите комуницирале и пиштолот со ...
Педесет и двегодишен маж и 77-годишна жена во текот на вчерашниот ден биле најдени починати во своите домови во Карпош и Кисела Вода. За првиот случај, МВР соопшти дека вчера на пладне во домот во Каропош пронајден е И П.(52) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Околу осум часа подоцна, во домот во Кисел Вода, најдена е почината К.Ч.(77) од Скопје која живеела како потстанар. И кај ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улицата „Бутелска”, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па ...
Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга. Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба. Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. „Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне ...
На 20.06.2025 во 16:50 часот на ул.„120“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(37) од Куманово. Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, а при преземање мерки во врска со незгодата полициски службеници констатирал дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,37 промили алкохол ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела ...
Вработениот во Народна банка, Зоран Д., кој вчера беше приведен поради сомнение дека го презел и го уништил ранецот во кој, според наводите на обвинетиот Велибор Манев, било сокриено огненото оружје со кое биле убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и утринава се наоѓа во полициска станица. Сè уште не е познато што изјавил пред истражните органи, а од Јавното обвинителство најавија дека подетални информации за постапката ќе бидат објавени во ...
„Голфот“ кој вчеравечер излета од булеварот „Туристичка“ во Охрид и удри во сопрружници кои биле на тротоар, при што на самото место загина жена, го возел 21-годишен возач кој немал возачка дозвола, додека автомобилот е во сопственост на 18-годишно момче, против кое исто така е поведена постапка, соопшти Обвинителството. Препорачано Предложен е и притвор за двајцата осомничени, велат оттаму. „Првиот осомничен го извршил делото со директно ...
По направениот стручен надзор во болницата во Кавадарци, комисија констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени. Вака одговараат од Министерството за здравство (МЗ), на прашање од МИА, за наодите во извештајот во врска со починатото тригодишно дете, на Комисијата за стручен надзор формирана од МЗ. Комисијата извршила надзор во болницата во Кавадарци, на 10 јуни. Претходно, на 6 јуни, од Државниот санитарен и здравствен ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против И.Б.(58) од с.Велешта, струшко и против правно лице лоцирано до с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Првопријавениот, во својство на управител на правното лице, постапил спротивно на одредбите на член 29 б и член ...
Вчера во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е ...
Локалниот портал „Охрид1“ објави фотографии од местото на кое загина пешакот Александра Божиновска. Основното јавно обвинителство Охрид вчера донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со сообраќајната несреќа на булеварот „Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено. ...
Струга, 20 јуни 2025 (МИА) – Не се одржа за денеска закажаното рочиште од предметот што пред Основниот суд во Струга се води по предметот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар на која при породувањето и беа остранети три органи. Судијата Јордан Јованов кој го води предметот појасни дека одложувањето е на барање на еден од обвинетите, кој не се појави во судница од оправдани причини поткрепени со доказ. Тој не го прифати барањето за одложување ...
45-годишен жител на Прилеп пуштал гласна музика додека траеја деновите на жалост поради трагичниот пожар во Кочани, а полицијата ќе го гони за кривичното дело „организирање отпор“, соопшти МВР. Препорачано „ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.О.(45) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. На 23.03.2025 во семејниот дом во Прилеп, пријавениот пуштал гласна музика и на тој начин не ...
Основното јавно обвинителство Охрид бара притвор за 21-годишниот возач кој возејќи без дозвола синоќа излета од улицата Туристичка во Охрид и на тротоар прегази 44-годишна жена, а тешко повреден беше нејзиниот партнер. Притвор се бара и за 18-годишниот сопственик на колата, кој бил сопатник. Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 ...
Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот „Туристичка” во која 44-годишна жена беше прегазена, а уште едно лице беше тешко повредено. Првиот осомничен управувал автомобил „Фолксваген голф“ без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа ...
45-годишен жител на Тетово кривично ќе одговара откако нападнал полицаец во полициска станица во Скопје, соопшти МВР. Препорачано „СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Д.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.06.2025 во Полициската станица Аеродром во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дело „телесна повреда“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот подолг период вршел физичко и психичко насилство врз неговата сопруга, а при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени пушка, два пиштоли, 981 куршуми, рачна бомба и други предмети ...
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 34-годишниот А.С. од селото Дебреште, општина Прилеп, поради сомнение дека сторил две кривични дела – „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“. Препорачано Од МВР информираат дека на 20 мај 2025 година, пријавениот во полициска станица пријавил дека непознато лице влегло во спортска обложувалница во селото Ропотово, општина Долнени, оштетило апарати за игри на среќа ...
Полициски службеници од ОВР Дебар лишиле од слобода жител на дебарското село Долно Косоврасти, во чиј дом се пронајдени гориво и други предмети, стекнати од кражби. Лицето Б.Н. (64) жител на село Долно Косоврасти беше лишено од слобода вчера во 17.30 часот. -При претрес во неговиот дом и други простории во кои живее и ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири пластични канти од по 20 литри со нафта, шест пластични ...
Полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.С.(34) прилепско село, поради затајување и лажно пријавување на кривично дело. „На 20 мај, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во селото Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари“, се вели во полицискиот билтен. По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со ...