За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%. „Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари“, истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Тој нагласи дека е ...

Европа троши гас од своите подземни складишта со рекордно темпо, значително намалувајќи ги вкупните резерви, објави руската енергетска компанија Газпром. Компанијата предупредува дека овој тренд може да ги зголеми ризиците за снабдувањето со енергија во текот на зимата, објавува РИА Новости. Според податоците од организацијата Гасна инфраструктура Европа (GIE), на 24, 25 и 26 ноември се забележани најголемите дневни повлекувања на гас од ...

Централната банка на Русија соопшти во четвртокот дека централните банки од пазарите во развој купуваат злато за да ги диверзифицираат своите меѓународни резерви, како реакција на обидите на Г7 да ги употреби милијардите долари замрзнати руски средства. Златото е на пат кон најголемиот годишен раст од 1979 година – поскапено е за 59% досега оваа година, откако на 20 октомври достигна рекордна цена од 4.381 долар за унца, поттикнато од ...

„Шопинг треска“ низ земјава. „Black Friday“ понудата ги мами купувачите да пазарат по пониски цени. Поради тоа, од државниот пазарен инспекторат известија дека ќе спроведува засилени и вонредни инспекциски надзори кај трговците низ целата држава. Како што информираат од Инспекторатот, контролите ќе бидат насочени кон спречување на нечесни трговски практики и обезбедување целосно почитување на законските обврски при нудењето попусти. Од таму ...

Стапката на инфлација во Германија неочекувано се искачи на највисоко ниво во изминативе девет месеци, што претставува потсетник пред последниот состанок на Европската централна банка за оваа година дека ризиците за стабилноста на цените остануваат. Инфлацијата изнесуваше 2,6 проценти во ноември, во споредба со 2,3 проценти минатиот месец, според податоците објавени од Заводот за статистика. Економистите анкетирани од „Блумберг“ предвидоа ...

Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавеното покачување на цената на струјата. Одговарајќи на прашање на новинарите, Мицкоски истакна дека регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. Дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини, одредува регулаторот откако ќе ја ...

Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу ...

Компанијата Кембелс презеде одлучни чекори против расизмот на работното место, отпуштајќи го извршниот директор Martin Bally по сериозни наводи за дискриминаторски говор. Тензивната ситуација произлезе од тужбата на Robert Garza, поранешен вработен, кој обелодени скандалозни аудио снимки што покажуваат навредливо однесување. Овој потег претставува силен сигнал дека компанијата не толерира никаков облик на расизам или дискриминација. Кембелс ...

Додека повеќе граѓани се жалат дека се уште не им е исплатен повратот на ДДВ од скенирање сметки за третото тромесечје, од УЈП уверуваат дека застој во исплатата нема, откако на почетокот на неделата најавија дека парите од Мој ДДВ ќе легнат на сметките на граѓнаите до крај на месецов, поточно заклучно со денеска. Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука од понеделник (1 декември) да се зголеми цената на парното во Скопје за 5,9 проценти. Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое плаќало досега 2200 денари сега ќе плаќа за 130 денари повеќе. Корисниците на парното од ЕСМ енергетика (познато како Железарско парно) ќе имаат за 8% повисоки сметки од следниот месец. Како што објаснуваат ...

Глобалната референтна цена на суровата нафта е на пат кон четврти последователен месечен пад во ноември, што би бил најдолгиот таков низ од периодот што заврши во мај 2023 година. Цената на West Texas Intermediate беше близу 59 долари пред тргувањето на Nymex да биде замрзнато. Тргувањето со фјучерси на стоковните договори на Чикашката стоковна берза е запрено поради технички проблеми- пишува Каматица. Препорачано Земјите на ОПЕК+ се ...

Добивај вести на Viber Од 1 декември повеќе од 60.000 потрошувачи ќе плаќаат повисоки сметки за парно. Регулаторната комисија одобри зголемување на цената за 5,9 проценти, додека корисниците приклучени на системите во Железара ќе плаќаат за 7,6 проценти повеќе, а оние на Скопје Север за 7,7 проценти. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, појасни дека едно просечно семејство што плаќало 2.200 денари месечно, отсега ќе плаќа околу 130 денари ...

Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова. Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа, според Петрова, се должи на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска сметка. – Процесот за Мој ДДВ е во тек. ...

Отсекогаш си имал иновативни идеи, но си немал шанса да ги оствариш? БЕСТ Скопје ти овозможува уникатно искуство кое ги обединува креативноста, иновацијата и програмирањето, сѐ на едно место! Футуратон 2025 е дводневен натпревар коj ги предизвикува твоите вештини за решавање проблеми од областите на IT, AI, маркетинг, дизајн и PR. БЕСТ Скопје во соработка со ItLabs носат нов концепт за класичните натпревари и овозможуваат поголема креативна ...

Патриша Вилсон (93) бара работа секој ден, иако го скршила ‘рбетот и има лузни од стари повреди. Таа е дел од растечката популација на постари граѓани на САД кои работат од потреба или желба да останат активни во услови на финансиска несигурност, здравствени предизвици и сè подолг животен век. Препорачано Минатиот декември, таа си ја исекла ногата на кутија. Неколку месеци подоцна, раната се инфицирала. – Се исплашив кога нозете почнаа да ме ...

Јавното обвинителство во Холандија денес изрече казна од 101 милион евра на мултинационалната финансиска група Морган Стенли за затајување данок на дивиденда во таа земја. Обвинителите рекоа дека Морган Стенли неправилно користел посебна шема за да побара враќање на данок на дивиденда од холандските даночни власти, иако банката со седиште во Њујорк немала право на бенефицијата, објави NL Times- пренесе Политика. Холандската подружница на ...

Генерацијата „Зет“ ги користи алатките за приватност поактивно од која било друга генерација, но овој тренд може да ги направи и цел на сајбер криминалците. Помеѓу октомври 2024 и септември 2025 година, Kaspersky откри повеќе од 15 милиони обиди за напад маскирани како VPN апликации. Наместо да ги заштитат корисниците, овие лажни или „пробиени“ апликации често дистрибуираат потенцијално несакани програми – од „преземање“ на малициозен софтвер до ...

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемување од 26.5 %. Според главните индустриски групи, производството во ...

Добивај вести на Viber Регулаторот одлучува за висината на цената на струјата. ЕВН Хоме е снабдувачот кој има јавна набавка за следната 2026 година, а ЕСМ ги достави вкупните количини кои се бараат согласно јавната набавка, рече премиерот Христијан Мицкоски. „Иако претходно како влада бевме критикувани и во самиот извештај на Европската Унија и од дел од јавноста дека еден од чекорите кои се дел од планот за раст не го спроведуваме, а тоа е ...

Јапонскиот пивски гигант Асахи откри сериозен безбедносен предизвик кој ги засега нивните операции и клиенти. Во детални истражувања утврдено е дека повеќе од 1,5 милиони клиентски записи биле компромитирани during ransomware нападот во септември. Компанијата веднаш презеде сеопфатни мерки за заштита на личните информации и спречување на понатамошни штети. Техничките тимови интензивно работат на санирање на безбедносните пропусти и воведување ...

Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава. Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата. Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година. Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со ...

„Реплек“ ја отвори својата подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во државата и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година. КА информативниот центар е дел од определбата на „Реплек“ континуирано да воведува иновации во сите ...

Овој HP лаптоп спаѓа меѓу петте најпродавани лаптопи на Amazon during Црн Петок, движен главно од цена која го прави Windows компјутерот достапен за речиси секого. По цена од само 229 долари, значително намалена од претходната, овој модел претставува извонредна можност за корисници кои бараат квалитетен и економичен уред. Лаптопот нуди 128GB простор за складирање, доволно за основни задачи, канцелариски апликации и секојдневно пребарување на ...

Нвидиа, моментално највредната компанија во светот, презеде проактивен пристап за да одговори на скептиците кои ја доведуваат под прашање нејзината моментална пазарна вредност. Компанијата подготви детален меморандум наменет за финансиските аналитичари, во кој ги образложува своите стратегиски движења и потенцијалот за иден раст. Иако вредноста на компанијата моментално изнесува 4,5 трилиони долари, во споредба со претходните 5 трилиони, ...

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници на одбележувањето на Денот на даночните работници. – Денот на даночните работници не е само професионален празник. Тоа е ден кога треба да говориме за дисциплината, знаењето, моралот и професионалноста. Ден ...

Околу 600 милиони евра помалку странски инвестиции заклучно со септември годинава во однос на истиот период лани. Ова го покажуваат податоците на Народната банка. Годинава за девет месеци изнесуваат нешто на 200 милиони евра, лани во овој период надминувале 840 милиони евра. Народната банка објави и дека само во третиот квартал односно во јули, август и септември вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето одлив во износ од 21, 8 ...

Од 1 јануари, цената на електричната енергија за домаќинствата ќе биде повисока за околу 5 проценти, откако Регулаторната комисија за енергетика ги усвои новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор. Државната компанија ЕСМ на последниот тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час базна енергија, што директно влијае врз крајната цена што ќе ја плаќаат граѓаните од 1 јануари. Според надлежните институции, корекцијата е резултат на ...

Државата треба сериозно да размисли за евентуалниот предлог за ограничување на купувањето станови што се во изградба, се согласуваат мнозинството граѓани со кои разговараше „Слободен печат“. И од реакциите на социјалните мрежи, но и од нивните изјави, речиси и да нема човек што немал негативно искуство со договорениот, ветениот и реално остварениот рок за вселување во станот што го купил и делумно или целосно го исплатил, а се работи од две до ...

Многу македонски возачи кои тргнуваат кон Србија, најчесто преку Табановце, овие недели се враќаат со истата приказна – „нѐ сопре српска полиција за појас“. И тоа не за предните седишта, туку за задните. Српската полиција, велат луѓето, станала особено будна за една работа: секој, ама баш секој патник во автомобил мора да биде врзан со безбедносен ремен. И не дека ова не го знаеме, туку… знаете како оди – „па задниве, кој ги гледа“, „кратка ...

Имаме реални проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% следната година, а тоа е доказ дека државата се движи во правилна насока, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Во гостување на ТВ 24, таа посочува дека иако проекцијата за јавниот долг беше 62,1%, годината ќе ја завршиме под 61%, што, според неа, е јасен сигнал дека Владата работи внимателно, стабилно и одговорно. - Веќе работиме на подготување материјал, којшто ни треба ...

weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
100%
1026
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
71%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.68
87%
1026
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
100%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.47
77%
1022
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
87%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
97%
1024
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
76%
1023
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1027
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Цинк

3.22

Бакар

10.89

Никел

473178.61

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Сребро

1869.36

Иридиум

145787.60

Платина

53033.69

Калај

40.47

Злато

134797.47